среда, 21 ноември 2007

Спас!



Ме погледна со ангелски очи
Ми ја испружи топлата рака
Ги осеќав чувствата твои
И твојата насмевка слатка.

Ме допре во срце гласот твој мил
Ме развесели многу насмевката твоја нежна
И тие погледи топли
Што во душа ме погодија.

Што ми направи на мене?
Што се крие во тебе?

Ми покажуваш светол пат
А сепак осеќам уплах
Се плашам од тие погледи
Се плашам од насмевките твои
И од лубовта се плашам јас.

Не можам да верувам во тоа
Но сепак барам спас!

Но,дали спасот се крие во тебе?
Или пак,ќе потонам во темница безкрајна?
Одговорот го чуваш во себе

Ах кога би знаела што мислиш и чувствуваш за мене?
Тогаш би била сигурна
Во мојот спас во тебе
И би ги нацртала патиштата твои
Кон Мене!!!!

0 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома