среда, 21 ноември 2007

ЗА НАС !



Солзи течат во безкрајната ноќ
И молат за малку моќ,
Звездите гледаат И не блескаат
И заедно со мене тагуваат.
Сакаш да одиш од мене
А не прашуваш
Што чувствувам во себе
Не го гледаш моето лице
Не го чувствуваш моето срце.
Те повикувам И го спомнувам твоето име
А ти не ме слушаш, не го слушаш гласот мој
Што вика по тебе.
Ти кажувам дека те сакам
Но, ко да не било доволно
Сакаш да си одиш од мене.
Зар не е грев оваа лубов да потоне
Зар е убаво оваа звезда наша да гасне.
Животот без тебе нема смисла
Но никого не можам да држам со сила
Оди си ти, оди од мојот живот
Оди од мојот свет
Но те молам остани во моите сни
Остани, за да те имам покрај мене во сон
Да те чувствувам во сон
И да ги памтам нашите денови засекогаш
Иако во реалноста може ке те милува некоја друга.

Ми недостигаш Ти!!!



Ноќва на тебе мислам
Твоите допири ги барам
По бакнежите твои копнеам
И по слаткиот збор
“Те сакам”
Толку си мил кон мене
А сепак по малце ме убиваш
Умирам од внатре
Пошто многу ми недостигаш
Свеќата вечерва се топи
Така и моето срце
А твојата сенка шепоти
Дека копнееш по мене.
Месец дена заедно
Како цел живот
Со тебе да имам поминато
Те чувствувам многу блиску
Но сепак далеку со памет
Како се да се руши врз мене
А јас останувам без тебе
Не ме оставај те молам
Остани со мене
Животот мој го давам
За вечност со тебе
Се топам,умирам
Но ти не ме разбираш
Душо моја!!!!
Многу ми недостигаш.

Ти-живот за мене!




Очите твои-светлина на животот
Допирите твои-навика на телото
Бакнежите твои-лек на вечност
Зборовите твои-удар за срцето
Ликот твој-света икона за мене
Ти-Ангел на моите Сни!
Со твоите погледи длабоко ме погодуваш
Срцето безкрајно ми го прогонуваш
Телото гори по твоите допири
Усните тагуваат по твоите бакнежи
Очите плачат по твоите нежни погледи
А јас,копнеам по тебе мил мој
Копнеам по твојаta искреност
И зборот чист како кристал
“Те Сакам до Безкрајност”

Спас!



Ме погледна со ангелски очи
Ми ја испружи топлата рака
Ги осеќав чувствата твои
И твојата насмевка слатка.

Ме допре во срце гласот твој мил
Ме развесели многу насмевката твоја нежна
И тие погледи топли
Што во душа ме погодија.

Што ми направи на мене?
Што се крие во тебе?

Ми покажуваш светол пат
А сепак осеќам уплах
Се плашам од тие погледи
Се плашам од насмевките твои
И од лубовта се плашам јас.

Не можам да верувам во тоа
Но сепак барам спас!

Но,дали спасот се крие во тебе?
Или пак,ќе потонам во темница безкрајна?
Одговорот го чуваш во себе

Ах кога би знаела што мислиш и чувствуваш за мене?
Тогаш би била сигурна
Во мојот спас во тебе
И би ги нацртала патиштата твои
Кон Мене!!!!